Ливерпул си поигра со Лестер (ВИДЕО)

Ливерпул оствари лесна победа против Лестер од 3-0 во натпревар од 9. коло во англиската Премиер-лига. Џони Еванс со ефектен автогол донесе водство за „црвените“ во 21. минута,  Диого Жота во 41. минута зголеми на 2-0, додека конечните 3-0 ги постави Роберто Фирмино во 86.

Со оваа победа избраниците на Јирген Клоп се искачија на делба на првата позиција со Тотенхем со по 20 бода, додека Лестер сега е четврти со 18 бода.

 

Standings provided by SofaScore LiveScore

Се вчитува...