Ливерпул со соопштение по поразот во ЛШ: Разочарани сме од организацијата!

Реал Мадрид ја освои рекордната 14. титула во Лигата на шампионите откако во финалето одиграно на „Стад де франс“ во Париз го совлада Ливерпул со 1-0.

По натпреварот „премиерлигашот“ експресно излезе со соопштение во кое место да зборува за работите на теренот, се насочи кон ситуацијата на трибините и тоа што дел од нивните навивачи не беа пуштени на стадионот поради што и доцнеше почетокот на финалето.

„Разочарани сме од проблемите со влезот на стадионот и уривањето на безбедносните бариери на кои наидоа навивачите на Ливерпул  на „Стад де Франс“. Ова е најголемиот натпревар во европскиот фудбал и навивачите не треба да ги доживеат сцените што ги видовме вечерва. Бараме за истрага, која ќе ги открие причините за овие неприфатливи проблеми“, стои во соопштението од Ливерпул. 

Се вчитува...