Ливерпул сега „му дише во врат“ на Манчестер Сити, откако вечерва го совлада тимот на Лидс со убедливи 6-0, и така му се доближи на тимот на Манчестер Сити на три бода разлика на првото место на табелата.
„Црвените“ немаа големи проблеми на свој терен, и дојдоа до убедлива победа благодарение на тандемот Салах – Мане кои постигнаа четири гола, а по еден дадоа Матип и Ван Дајк.
Салах од пенал во 15. минута донесе водство, а потоа Салах му асистираше на Матип за 2-0 во 30. минута. Победникот беше решен во 35. минута кога Салах одново од пенал го совлада Меслие за 3-0.
Во вториот дел Мане во 80. минута зголеми на 4-0, за истиот играч во судиското надополнување да ја донесе „петардата“ на овој меч, а Ван Дајк пред самиот свиреж го постигна и шестиот гол.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА