Лохте победи во првата трка по враќањето по суспензијата

Шесткратниот олимписки шампион во пливање, Рајан Лохте 14 месеци по суспензијата славеше на 200 метри мешано, на американското државно првенство. Лохте кој во саботата наполни 35 години, до победата стигна со време од 1:57.76 стотинки. Тоа за него беше 27 славје на американското првенство.

„Беше полесно пред десет години. Долг пат е пред мене до Токио 2020“, накратко изјави Лохте. 

Лохте беше суспендиран десет месеци по скандалот на ЛОИ во Рио 2016, кога измисли приказна дека бил нападнат. Потоа американската антидопинг агенција го суспендираше на 14 месеци, откако во мај 2018 година на социјалните мрежи објави фотографија на која се гледа како прима недозволени суспстанци, а минатата година се лечеше и од алкохолизам.

Се вчитува...