Лоши вести од Хрватска: Адеми има скршеница на стапалото!?

Повеќе од лоши вести од Хрватска поврзани со македонскиот репрезентативец, Аријан Адеми.

Адеми и дефинитивно ќе го пропушти реванш-натпреварот од четвртфиналето во Лигата на Европа против Вилјареал, но од таборот на Динамо Загреб стравуваат дека и сезоната ќе биде завршена за еден од своите најдобри фудбалери.

Адеми вчера беше заменет во 58. минута на натпреварот против Локомотива во хрватското првенство, за да после мечот тренерот на „модрите“, Дамир Крзнар признае дека првите информации за повредата се лоши.

„Треба денеска да има детални прегледи. Рендгенот ќе открие многу нешта, но стравуваме поради тоа што првите прогнози воопшто не се добри“ – вели Крзнар.

Се стравува дека се работи за скршеница на стапалото што би значело крај на сезоната за Адеми кој, во тој случај, ќе мора да се соочи со подолга пауза. Но, надежите се дека, сепак, не се работи за најлошата варијанта.

Се вчитува...