Лоши вести за Македонија – Енис Барди повторно повреден!

Македонскиот фудбалски репрезентативец Енис Барди ќе мора повторно да паузира, откако го повредил бутниот мускул. Барди кој по враќањето од повредата на грбот играше во неверојатна форма во Ла лига и Копа дел Реј, на последниот тренинг на клубот почувствувал голема болка на мускулот, а по дополнителните прегледи било утврдено дека се работи за негово истегнување.

Барди сигурно ќе биде вон составот на Леванте за мечот од Ла лига против Атлетик Билба, а прашање е дали ќе биде подготвен за реваншот во полуфиналето од Копа дел Реј против истиот противник.

Се надеваме дека повредата нема да биде од посериозен карактер и дека селекторот на фудбалската репрезентација на Македонија, Игор Ангеловски ќе може да смета на услугите на одличниот играч за врска во квалификацискиот прозорец за Мундијалот во Катар 2022 во март.

Се вчитува...