Лоши вести за Реал Мадрид: Менди паузира пет месеци

Дефанзивецот на Реал Мадрид, Ферланд Менди, ќе биде надвор од терените до крајот на сезоната поради повреда, потврди шпанскиот клуб. 30-годишниот Французин ја претрпе повредата за време на победата од 2-0 над Еспањол во 34-то коло од шпанската Ла Лига во неделата. По прегледот, му беше дијагностицирана скината тетива на десната нога. Според информациите доколку Менди се подложи на операција, тој би можел да биде надвор од терените до пет месеци.

Дефанзивецот одигра девет натпревари во сите натпреварувања оваа сезона без да постигне гол. Неговиот договор со Реал Мадрид е до летото 2028 година.

Менди беше дел од француската репрезентација за време на Евро 2024, но од тогаш не добива повеќе повици од Дидие Дешамп, и нема да биде дел од селекцијата за Мундијалот престојното лето.

Се вчитува...