Лошо второ полувреме: Кадетите поразени од Ирска со 25 разлика

Македонската кадетска кошаркарска репрезентација во првиот натпревар од разигрувањето за 9 до 16 место на ЕП кое се одржува во Македонија, загуби од селекцијата на Ирска со 83-58 во меч одигран во салата „Т-Арена“ во Скопје. Слаба игра на македоснката селекција во вториот дел, особено во третиот период, кои Ирците го добија со 25-8, и тука веќе беше познато кој ќе триумфира на овој натпревар.

На полувреме Ирците заминаа само со +2, а потоа во третиот период имаа извонредна серија од 12-0, кој беше клучен за овој триумф.

Кај Ирците нерешлива енигма беа Васикаускас и Етери кои постигнаа по 17 поени. Кај македонската селекција најефикасни беа Александар Зунзуровски, Илија Коневски и Дион Шабани со по 13 поени.

Се вчитува...