Ловерњ го откажа настапот на СП во Кина

Кошаркарот на француската репрезентација и на Фенербахче, Жофри Ловерњ, објави дека нема да настапи на Светското првенство кое годинава ќе се игра во Кина.

„По пет години во кои играв за репрезентацијата и спомените кои ги носам, сите медали кои ги освоив, поради причини во кои не би сакал да навлегувам, нема да играм за репрезентацијата“, рече Ловерњ. 

27-годишниот кошаркар во кариерата настапуваше за Елан Шалон, Валенсија, Партизан, Химки, Денвер, Оклахома, Чикаго и за Сан Антонио. по што во 2018 година потпиша договор за Фенербхаче.

Се вчитува...