ЛШ: Ливерпул во финишот го реши Интер, Коман спречи сензација на Салцбург (ВИДЕО)

Фудбалерите на Ливерпул веројатно ги решија сите дилеми околу патникот во четвртфиналето во Лигата на шампионите, откако во првиот натпревар од осминафиналниот двомеч славеа на гостувањето кај Интер со 0-2.

Натпреварот беше израмнет се до последните 15 минути каде како клучно се покажа поголемот искуство на играчите на „црвените“ во големи натпревари. Прво Роберто Фирмино со гол со глава донесе водство за гостите во 75. минута, додека конечните 0-2 ги постави Мохамед Салах во 83. минута.

Баерн Минхен во финишот на натпреварот спречи сензација на гостувањето кај Ред Бул Салцбург извлекувајќи реми 1-1. Домаќините поведоа со голот на младиот Жуниор во 21. минута кој го матираше голманот на Баварците, Урлих и донесе ерупција на стадионот во Салцбург. Баварците се мачеа во продолжение на мечот, но сепак голем срам успеа да спречи Кингсли Коман кој со гол во 90. минута ги постави конечните 1-1.

Реваншите се закажани за 8. март.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Се вчитува...