ЛШ СОСТАВИ: Елмас почнува од клупата на „Енфилд“, Барса во втор тим против Плзен

Познати се составите на вечерашните натпревари во Лигата на шампионите. Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас, се најде на клупата на „Енфилд“ за натпреварот со Ливерпул, и ќе чека шанса да влезе во вториот дел. Наполи со Осимен, Кварацхелија и Политано ќе брка и шеста победа во групната фаза во ЛШ. Ливерпул, пак, стартува со Џонс, Салах и Фирмино во офанзива.

Барселона со вториот тим ќе го игра мечот против Плзен, со оглед дека „Каталонците“ немаат никакви шанси за пласман во следната фаза. Така Барса ќе игра со Пена на голот, потоа во нападот со Фати, Рафиња и Торес, а во средината Кеси, Торе и Гави. Белерин, Пике, Алонсо и Алба се во одбраната. Ги нема Левандовски, Бускетс, Кристенсен, Араухо, Кунде, Роберто…

И Баерн со изменет тим ќе игра против Интер. Во тимот на „Баварците“ во стартниот тим се најде Станишиќ, Мазрауи, Гравенберх, Чупо-Мотинг, а ги нема некои од првотимците како Милер, Сане, Нојер…

Се вчитува...