ЛШ: Тотенхем со пресврт го отпиша Марсеј, Ајнтрахт победи во Лисабон, Наполи „падна“ на Енфилд (ВИДЕО)

Екипата на Тотенхем успеа да се „извади“ и да победи во Марсеј, која го носи во 1/8 финалето во Лигата на шампионите и тоа како првопласиран во групата. Тимот предводен од Конте имаше проблеми во првиот дел откако имаше негатива, но во вториот дел успеа да направи пресврт и така да се „протне“ меѓу најдобрите 16 тима во Европа, елиминирајќи го тимот на Олимпик од сите натпреварувања.

Мбемба донесе предност за Олимпик Марсеј, и после неколку промашени шанси, Ленгле во 54. минута донесе израмнување. Во финишот Марсеј тргна на се или ништо, но не успеа да дојде до триумфот. Невозможно е што промаши Колашинац во 90. минута за победа на Марсеј и пласман во следната фаза, за Хојбјерг во 95. минута донесе предност и победа на Тотенхем, па така францускиот тим нема да игра ниту во Лигата на Европа.

Во следната фаза оди Ајнтрахт Франкфурт. Освојувачот на Лигата на Европа на крајот заврши и како првопласиран на табелата, откако го совлада Спортинг и тоа среде Лисабон со 1-2. Португалците со голот на Гомеш дојде до водство во 39. минута, но Камада од пенал во 62. минута израмни, а Муани во 72. минута донесе пресврт. За среќа, поради резултатот во Марсеј, Спортинг ќе игра во Лигата на Европа следната година.

Наполи го доживеа првиот пораз во сезоната, откако загуби на Енфилд од Ливерпул со 2-0. Мохамед Салах во 85. минута донесе водство, а во финишот Нуњез го зголеми резултатот. Елиф Елмас ги одигра последните седум минути, откако го замени Кварацхелија.

Баерн Минхен стигна и до шестиот триумф во групата, совладувајќи го Интер во Минхен со 2-0. Откако не беше досуден пенал за Интер, „Баварците“ стигнаа до триумф благодарение на головите на Павар и на Чупо-Мотинг. Најпрво Французинот донесе водство во 32. минута, за потоа Камерунецот во 72. минута да донесе нова победа за германскиот првак.

Ајакс со победа над Глазгов Ренџерс од 1-3 ја заврши групната фаза и го потврди пласманот во Лигата на Европа, додека Ренџерс остана „закован“ на дното без ниту еден бод.

Барселона и покрај многуте промени во составот, стигна до триумф над Викторија Плзен. Во голеадата со шест погодоци, Барса славеше со 2-4. Стрелци за „Каталонците“ беа Алонсо, Торес два пати и Торе, а Чори ги постигна двата гола за Плзен.

Претходно Порто со победата над Атлетико го потврди првото место во групата, додека Леверкузен со бодот над Бриж се пласираше во Лигата на Европа, со тоа што Атлетико беше елиминиран од сите европски натпреварувања.


Standings provided by Sofascore


Standings provided by Sofascore


Standings provided by Sofascore


Standings provided by Sofascore

Се вчитува...