ЛШ за жени: Убедлив пораз на Истатов

Македонскиот првак Истатов го стартуваше настапот во Лигата на шампионите со убедлив пораз, откако нашите фудбалери вечерва загубија од домаќинот на квалификациската група, тимот на Осијек со 7-0.

Хрватскиот состав ја оправда фаворитската улога, користејќи го домашниот терен за доминација на теренот и убедлива победа. Осијек водеше со 1-0 се до финишот од првото полувреме, по што постигна погодок во судиското продолжение, за во вториот дел целосно да го скрши отпорот на Истатов.

Во првиот натпревар од оваа група Стјарнан од Исланд го декласираше првакот на Фарските Острови, Ки со 9-0.

Се вчитува...