Љубичиќ откри што ќе биде со кариерата на Федерер

Тренерот на Роџер Федерер Иван Љубичиќ вели дека Швајцарецот се уште не навел точно кога планира да се прости со тенисот. Федерер кој во моментов се опоравува од операцијата на коленото во август ќе наполни 39 години.

„Роџер поминува низ рехабилитација после операцијата. За нас ситуацијата не менува ништо во тој поглед, програмата е иста и како да би немало пандемија од коронавирус. Уште не сме разговарале за 2021 година. Времето не застанува, тој во 2021 ќе наполни 40 години, но ништо не наговестува на повлекување“, изјави Љубичиќ. 

Поради пандемијата од коронавирусот не се знае кога ќе продолжи тениската сезона, а засега е сигурно дека најдобрите тенисери во светот на терените нема да се вратат пред август.

Се вчитува...