Луд финиш во Севилја: Окампос застана да брани и спречи гол од голманот на Еибар

Лукас Окампос беше апсолутниот херој на Севилја на дуелот против Еибар (1-0), не само поради постигнувањето на победничкиот гол, туку и неверојатната одбрана – како голман во 101. минута од натпреварот.

Финишот на „Санчез Пизхуан“ беше супердраматичен, Еибар во судиското продолжение пропушти стопроцентна шанса, а домашниот голман Вацлик при интервенцијата се повреди и не можеше да го доврши мечот. Ракавиците ги зеде токму стрелецот Окампос, а во мешаницата пред неговиот гол топката стигна до гостинскиот голман Дмитровиќ, кој биеше од пет метри во обид да постигне израмнувачки погодок.

Сепак, Окампос се најде на вистинското место, извонредно интервенираше и ја осигура победата на Севилја, со која овој тим направи значаен чекор напред за место во ЛШ следната сезона.

Се вчитува...