Луд италијански натпревар – Три пенали, поништен гол и на крај само реми за Елмас и Наполи (ВИДЕО)

Наполи одигра нерешено 3-3 на гостувањето кај Сасуоло во натпревар од 25. коло во италијанската Серија А. Домаќините поведоа со автоголот на Максимовиќ во 34. минута. Само четири минути подоцна Зјелински израмни на 1-1, а до крајот на првите 45. минути Сасуоло повторно дојде до водство откако Берарди сигурно стрелаше од пенал.

Во второто полувреме Елиф Елмас доби шанса во 67. минута, а само пет минути подоцна Наполи успеа да израмни на 2-2 преку Ди Лоренцо. Инсиње од пенал во 90. минута донесе водство од 2-3 и кога се изгледаше дека наполитанците го урнаа отпорот на противникот, домаќините со гол од пенал во 95. минута успеаја да стгинат до бод.

Со овој бод Наполи останува 5. со 44 бода, додека Сасуоло е осми со 36 бода.

 

Се вчитува...