Луда трка во Шпанија: Кој со кого до крајот – Барса е во пол-позиција

Завршницата на сезоната во Ла Лига одамна не била толку интересна како во оваа сезона, откако на пет кола до крајот три тима имаат сосема реални шанси да се искачат на тронот. Атлетико до пред еден месец делуваше сигурно на врвот, но серијата слаби резултати на гостувањата придонесоа тимот на Диего Симеоне да ја загуби таа предност. Мадридските „црвено-бели“ сега имаат само два бода предност пред Барселона и Реал Мадрид, со тоа што каталонскиот гигант има и меч помалку од гигантите од главниот град, оној што ќе го игра на домашен терен со Гранада.

Доколку слават на оваа средба, Меси и соиграчите би се искачиле на врвот, а притоа имаат и сосема добар распоред до крајот на сезонава за да се задржат таму. Имено, наредниот викенд Барса гостува на Валенсија, тим што цел месец не знае за победа во Ла Лига, а потоа го игра и клучниот дуел со Атлетико Мадрид на „Камп Ноу“. Во последните две кола Барселона ја очекува гостување против Леванте, како и домашен дуел со Селта Виго.

Атлетико наредното коло гостува на Елче, по што ќе следи пеколната пресметка со Барселона, на теренот на противникот. Реал Сосиедад и Осасуна ќе пристигна на „Ванда Метрополитано“, а во последното коло мадридскиот тим ќе му гостува на Валјадолид, кој во моментов се наоѓа во опасната зона за испаѓање.

Блесокот на Реал Мадрид на последното „Ел Класико“ веднаш беше покриен со разочарувачките реми-натпревари со Хетафе и со Бетис. Избраниците на Зидан имаат два бода помалку од Атлетико, ист број бодови и меч повеќе во однос на Барселона, а згора на тоа паралелно со дуелите во Примера ги очекуваат и полуфиналните пресметки со Челси во Лигата на Шампионите.

Реал во следните две средби од Ла Лига игра на домашен терен, најпрвин со Осасуна, а потоа со Севилја. Потоа ќе следат гостувањата со Гранада и со Атлетик Билбао, а „кралевите“ нема да имаат нималку лесна задача ниту во последното коло, кога во Мадрид ќе го пречекааат Вилјареал.

АТЛЕТИКО (М)

Елче (г)

Барселона (г)

Р. Сосиедад (д)

Осасуна (д)

Валјадолид (г)

БАРСЕЛОНА

Гранада (д)

Валенсија (г)

Атлетико М. (д)

Леванте (г)

Селта (д)

РЕАЛ (М)

Осасуна (д)

Севилја (д)

Гранада (г)

Атлетик Б. (г)

Вилјареал (д)

Се вчитува...