Почетокот на новото издание на Тур д Франс уште во првата етапа донесе сериозен инцидент откако триесетина велосипедисти се најдоа на земја поради неодговорното однесување на еден навивач.
Тој држеше картонски транспарент што покриваше дел од патеката, па кога на него налета Тони Мартин, почнаа проблемите. Веднаш потоа од Мартин паднаа уште неколку велосипедисти, од нив уште нови десетина… се додека не настана хаос на патеката, за што доволно говори и оваа фотографија.
Германецот Џаша Сутерлинг е првиот велосипедист што се откажа на ова издание на Тур д Франс откако 28-годишникот се здоби со тешки повреди при овој инцидент и не можеше да ја продолжи трката.
Imagine being this fan who brings down half the Tour De France field. pic.twitter.com/M0BqC5lnZ7
— Simon Clancy (@SiClancy) June 26, 2021
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА