Лудница по последниот свиреж: „Шверцери“ го запалија Чаир во очекување на крунисувањето на Шкупи (ВИДЕО)

Вистинска лудница на стадионот во Чаир по последниот судиски  свиреж од натпреварот на Шкупи со Академија Пандев (3-0) последен во годинашниов шампионат по кој чаирчани ќе бидат крунисани како нови шампиони на Македонија.

Навивачите на Шкупи веднаш по последниот судиски свиреж влетаа на теренот започнувајќи и со силен огномет кој буквално го „запали“ стадионот во Чаир.

Сега се очекува расчистување на целокупната ситуација на терен, па фудбалерите на Шкупи официјално да го добијат пехарот како нови шампиони на Македонија.

Се вчитува...