„Луѓе не сме во војна – Навистина не можам да сфатам зошто е толку тешко да се остане дома“

Голманот на ватерполо репрезентацијата на Србија, Гојко Пјетловиќ вели дека не му се верува како може некои луѓе да бидат толку недисциплинирани и да не можат да останат во своите домови како би се заштитиле од пандемијата од коронавирусот.

„Не сме во бункери. Не сме во војна. Навистина не можам да сфатам зошто е толку тешко да се остане дома. На нас луѓето ни е тешко бидејќи сме навикнати да се дружиме, да пиеме кафе… Но, луѓе, дома сте со вашите најблиски, здрави сте. Ве молам останете таму“, изјави Пјелтовиќ. 

Тој исто така смета дека одлична е можноста да се биде дома со најблиските и дека тоа е позитивната страна од изолацијата.

Се вчитува...