„Луѓето сешто зборуваат, Федерер е скромна и отворена личност“

Полскиот тенисер Хуберт Хуркач говореше за швајцарскиот ас, Роџер Федерер. Хуркач е еден од најталентираните млади тенисери во светот, а во моментов се наоѓа на 29. место на АТП листата.

„Се зборува дека поголемиот дел професионални тенисери се фасцинирани од Роџер Федерер. Швајцарецот не крие ништо. Уште на првиот турнир на кој учествував имав шанса да разговарам со него, а тоа се повторуваше и на следните турнири. Тој е многу отворена и скромна личност, многу е кул“, изјави Хуркач. 

Хуркач со Федерер досега во кариерата се сретна само еднаш, во четвртфиналето на Мастерсот во Индијан Велс каде беше поразен со 6-4 и 6-4.

Се вчитува...