Луис Енрике ќе биде нов менаџер на Арсенал?

Шпанскиот стратег Луис Енрике ќе биде новиот менаџер на Арсенал, тврди британскиот „Дејли Мејл“. Преговорите се веќе во поодмината фаза, а тој треба да го преземе кормилото на „топчиите“ по завршувањето на сезоната, кога Арсен Венгер и дефинитивно ќе си замине од клубот каде работеше цели 22 години.

Контактот со Луис Енрике го остварил новиот директор за фудбалски операции на Арсенал, Раул Санлехи. Тие двајца соработуваа во Барселона, одлично се познаваат и треба да бидат најблиски соработници и на „Емирати“ од следната сезона. Луис Енрике е без работа од минатата година, кога ја напушти Барселона, тим со кој освои девет трофеи за три сезони.

Се вчитува...