Уругвајскиот напаѓач Луис Суарез би можел својата кариера да ја продолжи и заврши во редовите на Интер Мајами.
Тимот на Дејвид Бекам, кој се натпреварува во МЛС лигата, посакува ова лето во своите редови да го донесе 33-годишниот напаѓач на Барселона. Интер Мајами му нуди на Суарез двегодишен договор по кој, доколку е тоа негова желба како што најави, и би ја завршил својата кариера.
Како што пренесуваат шпанските медиуми, Бекам е подготвен, и покрај оние 33 години на Суарез, да му понуди договор на животот кој тешко се одбива.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА