Лука Дончиќ повторно беше во центарот на вниманието во својата родна Словенија, но овојпат кошаркарската ѕвезда не беше единствената атракција. Во Љубљана, големо внимание привлече присуството на кошаркарите на Лос Анџелес лејкерс, клубот чие заштитно лице е Дончиќ, кој важи за една од најголемите ѕвезди во НБА.
Пристигнувањето на Дончиќ во словенечката престолнина традиционално предизвикува огромен интерес, а овојпат атмосферата дополнително се вжешти поради фактот што тој беше придружуван од луѓе од Лос Анџелес лејкерс. Навивачите сакаа да го видат својот кошаркарски идол, да се фотографираат со него и да добијат автограм, па секој негов чекор привлекуваше големо внимание.
Дончиќ со години ужива статус на национален херој во Словенија, а неговата поврзаност со Љубљана остана многу силна и покрај тоа што поголемиот дел од годината го поминува во САД. Токму затоа, неговото појавување во градот речиси по правило се претвора во вистински кошаркарски настан.
Неговиот статус во Лејкерс и дава посебна димензија на целата приказна. Словенечкиот ас стана централна фигура на еден од најпознатите спортски клубови во светот, поради што се што се случува околу него и тимот од Лос Анџелес се следи со големо внимание во Словенија.
Luka and the Lakers moving like royalty through Slovenia, arriving for a meal at Cemopova 😭👑 #LakeShow
(Via ekipa_sn) pic.twitter.com/RFCwzPwmNW
— SleeperLakers (@SleeperLakers) August 21, 2026
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
