Лука Дончиќ е новото „чудо од дете“ во европската кошарка, откако Словенецот уште на 16-годишна возраст дебитираше за Реал Мадрид, а сезонава е еден од лидерите на „кралевите“ во походот на трофеите во Шпанија и во Евролигата. Дончиќ денеска наполни 18 години, а младата ѕвезда на Реал се покажа и за подарокот што го добил за полнолетство – автомобил „Фиќо“ со љубљански регистарски таблици ЛУКА7.
Младиот кошаркар не крие дека очекува наскоро да добие возачка дозвола, но и јасно е дека ќе си купи нов автомобил, бидејќи е речиси невозможно да влезе во „фиќото“ со своите 201 сантиметар.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА