Лука Јовиќ во изолација, бил во друштво со заразен од Ковид-19

Српскиот интернационалец Лука Јовиќ последните два дена е во домашна изолација и не доаѓа на тренинзите на Реал Мадрид, информира „Марка“. Тој бил во друштво со заразен од Ковид-19 и поради тоа добил наредба да остане изолиран во својот дом. Направил и тест за коронавирус кој покажал негативни резултати, но ќе мора да го почека и вториот тест пред да добие дозвола да се врати на тренинзите и на натпреварите.

Како што открива „Марка“, пријател на Лука Јовиќ во понеделникот долетал од Србија во Мадрид. Тој бил позитивен на Ковид-19, а според протоколите на Реал Мадрид, фудбалерот веднаш заминал во изолација. Ќе остане комплетно изолиран додека не биде потврдено и со втор тест дека е негативен на коронавирусот.

 

Се вчитува...