Лука Стојановски е нов кошаркар на Еуро Никел

Заминувањата од Академија ФМП продолжуваат, а последен кој го напушти тимот од Кисела Вода е Лука Стојановски кој премина во редовите на Еуро Никел. Со поранешниот младински репрезентативец, вицешампионот добива големо засилување во битката за плеј-оф.

Дваесетидвегодишникот во регуларниот дел од сезоната беше еден од најдобрите кошаркари на Академија ФМП со просек од 12.0 поени, 2.3 скока и 2.1 асистенција по натпревар.

Еуро Никел се намачи за избори место во Суперлигата во регуларниот дел од сезоната па ќе биде интересно да видиме како ќе се поклопат коцките во победничката фаза. И покрај доаѓањето на Стојановски, останува празнина на крилната позиција по повредата на Кирил Николовски, па ќе биде интересно да видиме дали кавадарчани ќе ангажираат уште еден играч до почетокот на натпреварувањето.

Се вчитува...