Македонските кошаркари максимално подготвени ќе го дочекаат утрешниот дуел со Австрија, на кој „црвено=жолтите3 ќе сторат се за со триумф во Виена да направат огромен чекор кон главните квалификации за Евробаскет 2029.
Лука Стојановски е еден од ретките кошаркари во нашиот табор кој редовно се одзива на повиците на селекторот, а новиот кошаркар на МЗТ Скопје не крие дека во македонскиот табор владее голем оптимзиам во пресрет на утрешниот натпревар.
„Очекувањата се да победиме. На секој натпревар што ќе го играме во наредниот период одиме на победа. Се подготвуваме, гледаме видеа, правиме тактика. Едноставно, имаме добра и комплетна екипа во овој момент. Победата, би го нарекол тоа, е единствениот императив пред нас“, вели Стојановски.
Тој даде и краток осврт околу квалитетот на противникот, кој според Лука огромен акцент во својата игра става на шутот.
„Би рекол дека пред сè станува збор за шутерска екипа. Физички не се предоминантни, така што би рекол дека негуваат брза кошарка и дека имаат добар шутерски потенцијал“, анализира македонскиот репрезентативен бек.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
