Девет настапи и седум голови сезонава има Љупче Дориев во првенството на Узбекистан . Во последните неколку години е најдобриот играч на Согдиана, па затоа му беше продолжен договорот денеска на уште четири години.
Со тоа повремениот македонски репрезентативец ќе остане во овој клуб најмалку до 2030 година. Тој е дел од Согдиана веќе три години, и со тоа ќе комплетира седум години дел од оваа екипа.
Дориев во минатото настапуваше за Шкендија, а претходно беше дел од Хоризонт Турново, односно АП Брера (Академија Пандев). За националниот тим 30-годишниот Дориев има 11 натпревари, и без постигнат гол.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
