Љупчо Ангеловски под своите можности во првиот настап на СП во Кина

Македонскиот пливач Љупчо Ангеловски го освои 65.место во конкуренција на 124 натпреварувачи во дисциплината 50 метри слободно.

Првиот настап на Ангеловски на СП во Кина беше под неговите можности со послабо време од неговиот личен рекорд. Тој постигна време од 23 секунди и 56 стотинки што е за 26 стотинки послабо од времето со кое беше пријавен за настап (23.27 сек.).

Утре Ангеловски ќе настапи во квалификациите на 50 метри пеперутка. Во оваа дисциплина неговиот најдобар резултат изнесува 24.69 секунди. Со оваа трка завршува и настапот на македонските пливачи на ова СП во Кин.

Покрај Ангеловски, на СП настапи и Андреј Стојановски. Тој учествуваше во трките на 200 и на 400 метри слободно.

Се вчитува...