Македонскиот кошаркарски репрезентативец Ти-Џеј Шортс ќе има „жешко“ лето кога станува збор за бирање на клуб во кој ќе ја продолжи кариерата. Веќе пред неколку дена се појави информација дека Мемфис е заинтересиран за неговите услуги, но засега европските понуди се подобри и веројатно ќе остане да биде дел од Евролигата и идната сезона.
Најновата информација доаѓа од Грција. А, таа е дека големите грчки ривали Панатинаикос и Олимпијакос се вклучени во трката за потписот на Шортс, кој речиси сигурно заминува од Париз престојниот период. Исто така турските медиуми пишуваа и за интерес од Фенербахче.
Информациите велат дека најдобра понуда била онаа на Панатинаикос во моментов, и дека Ти-Џеј Шортс најверојатно ќе замине во актуелниот европски првак, но сигурно дека ниту нивниот лут ривал Олимпијакос нема така лесно да се откаже од трката. Сите три заинтересирани тима ќе играат на фајнл-форот на Евролигата во Абу Даби.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА