Лузерскиот момент на Интер продолжува: Болоња со песна си оди од „Џузепе Меаца“

Интер е во резултатска криза. По елиминацијата од Купот и поразот од Торино во минатото коло, тимот на Лучијано Спалети загуби (0-1) и на домашен терен од Болоња. Федерико Сантандер во 32.минута го постигна победничкиот погодок за гостите и му го нанесе шестиот пораз на Интер во Серија А оваа сезона.

„Нероаѕурите“ се обидоа да израмнат, одлична шанса имаше Лаутаро Мартинез во 66.минута, потоа се заканија и Перишиќ и Ранокија, но бодовите одат за Болоња.

Се вчитува...