М18-репрезентацијата со промоција во европската елита на местото на Русија

Бордот на ФИБА Европа кој заседава во Вилнус, на кој учествуваат спортскиот директор Тодор Гечевски, и потпретседателот на нашата федерација, Димитар Ефтимовски, утре попладне треба да го потврди предлогот, машката македонска селекција „Под 18“ години да добие пласман во елитната дивизија и да настапи на Европското првенство од Дивизијата „А“ што ќе се одржи од 30. јули до 7. август во Коња.

Македонија ќе го заземе местото на Русија, чии национални кошаркарски селекции се дисквалификувани за понатамошните натпреварувања под ФИБА, а поради воениот конфликт кој сеуште е активен во Украина.

Согласно со претходно утврдениот изглед на групите, нашата селекција ќе биде дел од групата „А“ во која се уште и репрезентациите на Франција, Велика Британија и Израел.

Оваа наша национална селекција добива „покана“ за настап во „А“дивизијата поради четвртото место освоено на последното Европско првенство „Б“ дивизија, во 2019 година во Романија.

Се вчитува...