Мадона и Шакира со музичко шоу на финалето на СП

Големите спортски настани во САД вообичаено имаат музичко шоу на паузата од полувремето, нешто што ќе биде случај и на големото финале на СП 2026 што ќе се игра на 19 јули на стадионот „Мет Лајф“ во Њу Џерси.

Шакира и Мадона ќе бидат главни ѕвезди на големото шоу на полувремето од големото финале, беше објавено од страна на ФИФА, која потврди дека за првпат во историјата паузата меѓу двете полувремиња ќе трае подолго од 15 минути (се шпекулира со времетраење од најмалку 40 минути).

„Ќе го имаме првото шоу на полувремето во историјата на светските првенства. Тоа ќе биде незаборавно искуство за сите“, изјави првиот човек на ФИФА, Џани Инфантино.

Тој додаде дека светската куќа на фудбалот планира да организира специјални настани на „Тајмс Сквер“ во Њујорк за време на финаниот викенд, спектакл што ќе биде наменет за помош на „Global Citizen Education Fund“, иницијатива што има за цел да собере 100 милиони долари за децата ширум светот.

Шакира минатата седмица ја најави „Dai Dai“, новата официјална песна на мундијалот снимена на легендарниот стадион „Маракана“ во Рио де Жанеиро.

Се вчитува...