Големото градско мадридско дерби, популарното „Мадрилењо“ му припадна на Атлетико кој со 2:1 го совлада Реал.
И минатата сезона, Атлетико славеше на „Ванда Метрополитано“ во дуелот со Реал и тоа со убедливи 5:2.
Победникот беше решен во второто полувреме, откако во првиот дел „бункерот“ на Мурињо не дозволи играчите на Атлетико да шутнат ниту еднаш во рамките на голот на Тибо Куртоа.
Клучниот момент се случи во 50-та минута кога дефанзивецот на „кралевите“, Дин Хујсен во сопствениот шеснаесетник го собори Џовани Симеоне. Судијата по прегледување на ВАР-снимката му додели црвен картон на Хујсен, а сигурен изведувач на пеналот беше Грималдо. Голот на Грималдо може да го видите на следниот ЛИНК.
Само седум минути подоцна, Џонатан Дејвид зголеми на 2:0,. Вториот гол на Атлетико може да го видите ТУКА.
Кралевите со играч помалку, во 89-та минута, преку Антонио Ридигер намалија на 2:1. Голот на Ридигер може да го видите ТУКА.
Во судиското продолжение „кралевите“ се обидоа да избегнат пораз, но не успеаја да го совладаат Облак уште еднаш.
Атлетико со победата го прескокна Реал на табелата, има 16 бодови за второ место, еден повеќе од градскиот ривал и од Бетис.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
