Мајер ја прекина норвешката доминација: Злато во „Супер-Џи“!

Австриецот Матијас Мајер ја прекина норвешката доминација на норвешките скијачи на Олимписките игри во Супер-Џи која трае од 2002 година од Солт лејк сити, тримфирајќи на трката во Пјонгчанг.

Мајер победи со време од 1:24.44 минути, пред Швајцарецот Беат Фојц кој заостана 0,13 секунди. За швајцарскиот скијач ова е втор медал на ЗОИ 2018 откако вчера освои исто така сребро во спустот.

Бранителот на титулата Норвежанецот Кјетил Јансруд ја освои бронзата со заостанување од 0,18 секунди зад победникот. Тоа е негов петта олимписки медал, а втор во Пјонгчан откако вчера освои бронза во спустот.

Норвежанецот Аксел Лунд Свиндал, по вчерашната победа во спуст, сега го освои петтото место.

Се вчитува...