Мајк Тајсон повторно обвинет за силување: „Го молев да престане…“

Поранешниот светски боксерски шампион Мајк Тајсон е обвинет за силување од анонимна тужителка.

Се се случило наводно во 90-те години од минатиот век. Девојката тврди дека сега 56-годишниот Тајсон тогаш го запознала во ноќен клуб во американскиот град Албани, по што ја силувал во лимузина.

Во својот исказ девојката тврди дека има психички и физички трауми од тогаш.

„Влегов во неговата лимузина како би ја земале заедничката пријателка од нејзината куќа. Тајсон веднаш почна да ме допира во обид да ме бакне. Го оттурнав молејќи го да престане, но продолжи да ме напаѓа. Потоа ми ја соблече долната облека и ме силуваше. Го молев да престане, но воопшто не застана“ – вели девојката во својот исказ.

Тајсон веќе беше обвинет за силување, а во еден случај дури и лежеше три години во затвор, меѓу 1992 и 1995 година. Беше осуден на шест години поради силување на 16-годишната Дезири Вашингтон, но беше пуштен по три години.

Се вчитува...