Мајката на Дражен силно сака да го запознае Ѓоковиќ – Доколку тој не дојде во Шибеник, ете ме мене во Задар

Мајката на Дражен Петровиќ, Бисерка има голема желба да го запознае првиот тенисер во светот Новак Ѓоковиќ. Србинот деновиве се наоѓа во Задар каде се подготвува за вториот турнир од турнејата „Адрија тур“. Бисерка вели дека во склоп на турнејата тој требал да отиде и до Шибеник како би ја посетил, но поради неочекувана ситуацијата до патувањето не дошло.

„Вистина е, планот беше таков. Ми јавија дека нешто излегло неочекувано. Новак имал други обврски па сега чекам да се договориме. Ако тој до петок не дојде во Шибеник, ете ме мене во Задар“, изјави Бисерка. 

Ѓоковиќ веќе организираше еден турнир „Адрија тур“ во родниот Белград каде на титулата се радуваше Австриецот Доминик Тим. По Задар следи турнир во Бања Лука, а турнејата ќе заврши со егзибициски меч во Сарајево против Дамир Џумхур.

Се вчитува...