Мајкл Фелпс во нова мисија: Сакам да спасувам животи…

Најтрофејниот олимпиец на сите времиња, Мајкл Фелпс, јавно проговори за своите проблеми со депресијата, поручувајќи дека сака да им помогне на луѓето кои се борат со таа тешка болест.

„Сакам да направам разлика, да спасувам животи доколку е тоа возможно. За мене ова е поважно од освојувањето на златни медали“ – изјави Фелпс за ЦНН.

Наспроти успесите во кариерата, Американецот не крие дека се соочуваше со многу проблеми во приватниот живот. Најалармантна состојбата била по ОИ во Лондон во 2012 година, кога неколку дена бил заклучен во својата соба.

“Успеав да направам неверојатни работи во базенот, но имав големи проблеми надвор од него. Имаше моменти кога не сакав ни да сум жив. На почетокот не сакав ни да се сретнам со психолог, но откако го сторив тоа открив дека пмага да се чувствувам многу подобро. Затоа и ги охрабрувам сите луѓе кои имаат проблем да се обидат да го решат на ваков начин“ – истканува Мајкл Фелпс.

Се вчитува...