Мајнц се потсети на легендарниот Николче Новески (ФОТО)

Со фотографија од легендарниот Николче Новески, и сегашниот тренер Бо Свенсон, Мајнц се потсети на легендарниот стопер, кој е втор по бројот на одиграни натпревари во историјата на клубот.

Мајнц гостува кај Гројтер Фурт во натпревар од Бундеслигата, а на последното гостување „црвените“ остварија триумф од 0-3, во меч во кој играше и Новески и Свенсон.

„Рамо до рамо во Фурт. Бо и Николче по нашиот последен натпревар во Фурт“, пишува во објавата на Мајнц.

Се вчитува...