Мајорка го победи Леванте, Барди на терен, Трајковски на клупа

Мајорка оствари многу важна победа (2-0) над Леванте во обидот да избегне испаѓање од Ла Лига. Тимот од Балеарските острови сега има 32 бода, три помалку од Алавес кој утревечер му гостува на Реал Мадрид. До крајот на првенството остануваат уште три кола.

Кучо и Такефуша Кубо беа стрелци на головите за Мајорка на овој меч. Енис Барди го одигра целиот натпревар во тимот на Леванте, а Александар Трајковски остана на клупата за резерви кај Мајорка.

Еибар и Леганес ремизираа без голови.

Се вчитува...