„Мајсторија на мал простор“ на Пандев за водство на Џенова против Удинезе (ВИДЕО)

Вечниот Горан Пандев носи водство за Џенова од 1-0 во натпреварот од 27. коло во италијанската Серија А против Удинезе. Капитенот на фудбалската репрезентација на Македонија уште еднаш покажа за каков мајстор се работи, одлично снаоѓајќи се во шеснаесетникот на тимот од Удине.

Ова за Гранде Пандев е 98 гол во најсилното натпреварување во Италија и сега му недостигаат уште два гола до бројката од 100 во калчолигата.

 

Се вчитува...