„Мајсторија“ на Рафиња – Барса славеше над Реал Бетис (ВИДЕО)

Фудбалерите на шампионот на Шпанија дојдоа до нова победа во Ла лига откако вечерва во последниот меч од 37. рунда во домашното првенство славеа против Реал Бетис во натпревар без резултатско значење со 3-1.

Водство за домаќините од 1-0 донесе Рафиња со прекрасен погодок од слободен удар во 28. минута. Истиот фудбалер со својот втор гол во 62. минута зголеми на 2-0. Гостите намалија на 2-1 преку Иско од пенал во 69. минута, додека конечните 3-1 ги постави Жоао Кансело во 74. минута.

Barcelona 1-0 Real Betis – Raphinha freekick 28'
byu/977x insoccer

Standings provided by Sofascore

 

Се вчитува...