Магија на Палмарсон спречи реми на Барса (ВИДЕО)

Исланѓанецот Арон Палмарсон со погодок од слободен удар по истекот на регуларните 60 минути, и донесе победа на Барселона на гостувањето против Валјадолид (29-30) во АСОБАЛ лигата. На овој натпревар во составот на Барселона не беше Борко Ристовски кој поради семејни причини доби неколку дена отсуство од тренерот Чави Пасквал.

Влјадолид со добра игра во одбраната и одржа лекција на Барселона и беше на прагот на сензационална победа против апсолутниот фаворит во АСОБАЛ лигата. Домаќините уште на стартот сериозно им се заканија на избраниците на Чави Паскавал поведувајќи со 4-1. На полувремето Валјадолид имаше водство од 18-14, а заканата на домаќините по голот на Барселона продолжи и на почетокот од вториот дел.

Барселона успеа да ја анулира негативата и да го преземе водството (21-23), но Валјадолид не им дозволи на гостите да се одлепат и во последните пет минути поврторно беше изедначено и се играше гол за гол. Диего Камино во последниот напад изедначи на 29-29, а Барселона во последните дваесет секунди не успеа да постигне гол, но тогаш Абел Сердио направи прекршок и доби исклучување, а Барса завршен слободен удар по истекот на 60 минута. И тогаш Палмарсон со мајсторски удар покрај одбраната на Валјадолид го погоди голот и и донесе победа на Барселона.

Се вчитува...