Седумнаесеттото коло од Првата кошаркарска лига ни донесе шест нови возбудливи дуели на кои беа забележани неколку неверојани потези во режија на Валмир Какруки, Дамјан Стојановски, Ијасу Ворку, Марин Петков, Ландриус Хортон, Лука Стојановски и Александар Андрејевиќ.
На натпреварите помеѓу Гостивар и Феникс 2010, односно МЗТ Скопје и Работнички беа забележани неколку „кросовер“ потези кои ги испратија противниците „по бурек“ и истите не смееете да ги пропуштите.
View this post on Instagram
Кошаркарот на ТФТ, Ландирус Хортон продолжи со одличните настапи, а во Кисела Вода покрај елеганцијата покажа и грубост со силно забивање. Што преферирате вие?
View this post on Instagram
Лука Стојановски оваа сезона се наметнува како еден од лидерите на Академија ФМП, а така беше и во Аеродром против МЗТ Скопје 2. Одличниот натпревар младиот кошаркар го одбележа со магични поени со звукот на сирената.
View this post on Instagram
Последниот натпревар од колото беше одигран во Куманово каде „сино-белите“ го пречекаа Пелситер, а Александар Андрејевиќ им даде дознаење на лидерите на табелата дека „Перо Наков“ не е место каде лесно се постигнуваат поени.
View this post on Instagram
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА