„Македонецот“ во Црвена Звезда ги руши сите рекорди со селидба во Дортмунд

За дури 25 милиони евра, играчот на Црвена Звезда Василије Костов би можел да се пресели во Бундеслигата, и да потпише за Борусија Дортмунд. Според информациите од Србија, веќе траат преговорите меѓу двете страни, и може лесно да се случи Костов да замине на „Вестфален“.

Доколку Звезда добие 25 милиони, дефинитвино ќе го сруши рекордот на излезен трансфер од белградските „црвено-бели“. Досега највисокиот трансфер беше оној на Вељко Миловановиќ, кој се пресели во Борнмут за 15 милиони евра.

За талентот кој има и македонско потекло, се интересираа неколку гиганти, меѓу кои и Арсенал и Олимпик Марсеј, меѓутоа Дортмунд сега е во напредни преговори и прв фаворит за потписот на играчот од офанзивниот дел на средниот ред.

Тој би требало да биде замена за Јулијан Бранд кој го одигра последниот меч за „милионерите“ и ќе има нов клуб престојното лето.

Се вчитува...