Македонија 62. на најновата ранг-листа на ФИФА

Фудбалската репрезентација на Македонија забележа скок од пет места на најновата ранг-листа на Светската фудбалска федерација (ФИФА). Победата над Италија во полуфиналето од баражот за пласман на Светското првенство во Катар ни го донесе 62. место на најновиот ранкинг на ФИФА.

Нашите противници во Лигата на нации Бугарија е девет места зад нас и во моментов се наоѓа на 71. позиција. Грузија е 86. фудбалска лига во светот, додека Гибралтар е најслабо рангирана во нашата група и во моментов е на 203. место.

На врвот Бразил е прв на сметка на Белгија, трета останува Франција. Аргентина сега е четврта на сметка на Англија, а во топ 10 уште се и Италија, Шпанија, Португалија, Мексико и Холандија.

Се вчитува...