Македонија без Адеми на септемвриските квалификации

Македонската репрезентација ќе биде сериозно ослабена за претстојните квалификациски натпревари следниот месец откако Аријан Адеми отпадна од комбинација за настап против Ерменија, Исланд и Романија.

Капитенот на Динамо Загреб се уште нема стартувано меч за „модрите“ по незгодната повреда на мускулот, па селекторот Милевски по консултациите со претставниците на Динамо Загреб е донесена одлука тој да не игра на следните средби на Македонија за да не се ризикува со обновување на стариот проблем.

Воедно, селекторот Милевски се надева дека Бобан Николов во наредните денови ќе излезе како победник од борбата со коронавирусот и ќе може да настапи на овие натпревари.

„Бобан Николов е позитивен уште од минатата седмица, го очекуваме неговото следно тестирање се надеваме дека ќе биде негативен и ќе може да ни се приклучи на тренинзите. Што се однесува до Адеми, во разговорот со него и со Динамо Загреб, одлучивме заеднички дека најважно е здравјето на самиот играч. Затоа, за жал нема да можам да сметам на Адеми за овие септемвриски натпревари“, изјави Адеми.

Се вчитува...