Македонија без Несторовски на ЕВРО 2020?!

ФОТО: Роберт Спасовски

Македонскиот селектор Игор Ангеловски на 40-ина дена до почетокот на ЕВРО 2020 се соочува со првиот посериозен проблем, откако беше обелоденето дека Илија Несторовски заработил незгодна повреда на коленото поради која би можел да отсуствува од претстојниот европски шампионат.

Несторовски настрадал на вчерашниот тренинг на Удинезе, откако останал да лежи на тревата жалејќи се на болка во коленото на левата нога. Првичните прогнози се дека станува збор за поголемо истегнување на лигаментите, а од Удинезе прогнозираат дека нема никаква шанси тој да се врати до крајот на сезонава, што ќе финишира за еден месец.

Деталните лекарски прегледи ќе треба да утврдат колку е сериозна повредата и дали Несторовски ќе може да се надева на настап на ЕВРО 2020, натпреварување што ќе се одржи во текот на месец јуни.

Се вчитува...