Македонија до 16 години со победа над Кипар стартуваа на ЕП

Машката кадетска репрезентација на Македонија до 16 години со убедлива победа го отвори настапот на Европското првенство од Дивизијата „Б“, кое се одржува во Гевгелија и Скопје. Избраниците на селекторот Дејан Стојановски славеа над Кипар со 82-63 и на најдобар можен начин го започнаа шампионатот.

Во второто полувреме Македонија целосно ја контролираше ситуацијата на паркетот и без поголеми проблеми ја зачува двоцифрената предност, која на крајот изнесуваше 19 поени за конечни 82-63.

На стартот од третиот период Кипар се доближи на четири поени, но од тогаш нашите кошаркари ја презедоа иницијативата, и само ја зголемуваа предноста, за на крај убедлив победа.

Дион Шабани беше неверојатен, одигра „симултанка“ и постигна 37 поени. Александар Зунзуревски постигна 23.

Се вчитува...